Вистинска одлука стабилна иднина

Мисли паметно…
ОСИГУРАЈ СЕ !!!

Домаќинско осигурување

Дали станот, куќата во која ги минувате најубавите мигови од Вашиот живот се осигурани?

Уште не ? Што чекате ? За годишна премија помалку од една семејна вечера во ресторан, ќе направите полиса за домаќинско осигурување и ќе спиете безбедно и мирно.

cozy-living-room-interior-with-panoramic-window-n

Домаќинско осигурување подразбира осигурување на:

  • Станбени објекти, станови и индивидуални згради, како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење.
  • Предмети во домаќинството, предмети кои служат за уредување на станот и предмети за лична употреба, кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
  • Одговорност за штета причинета од и спрема трети лица.
  • Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.

Ова осигурување ги покрива следните ризици:

  • Пожар
  • Удар на гром
  • Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
  • Бура
  • Град
  • Јавни манифестации и демонстрации
  • Паѓање на воздушни летала
  • Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
  • Излевање на вода од уреди и цевки за топловодни инсталации

Провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено. Покрај овие, а при дополнителна премија, осигурувањето на домаќинства може да вклучува осигурување и од следните дополнителни опасности (ризици):

  • Поплава, порој и високи води
  • Лизгање и одронување на земјиште
  • Снежна лавина
  • Кршење стакло