Вистинска одлука стабилна иднина

Мисли паметно…
ОСИГУРАЈ СЕ !!!

Осигурување од незгода

Незгодата не можеме да ја предвидиме…затоа можеме да ги ублажиме последиците од неа со купување на Полиса за осигурување од несреќен случај. Со неа ги заштитуваме нашите членови на семејството, нашите вработени, ние самите.

wounded-arm

Под несреќен случај се подразбира секој неочекуван иден настан, независен од волјата на осигуреникот, предизвикан однадвор и нагло на телото на осигуреникот, а последиците се смрт, целосен или делумен инвалидитет, привремена или трајна неспособност за работа и нарушување на здравјето кое бара лекарска помош.

Ова осигурување важи 24/7 каде и да сте, што и да работите, временски и просторно неограничено.

Осигурени ризици:

  • смрт од последици на несреќен случај,
  • смрт од болест,
  • траен губиток на општата работна способност (траен инвалидитет),
  • привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај –дневен надомест,
  • трошоци за лекување.

Во смисла на претходниот став се сметаат како несреќен случај особено следните настани: газење, судрување, удар со некаков предмет или на некаков предмет, удар на електрична струја или гром, паѓање, лизнување, уривање, ранување со оружје, со разни други предмети или експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување на животно и убод од инсекти, освен ако со таков убод е предизвикана некаква инфективна болест. Како несреќен случај се смета и следното:

  1. труење со хемиски средства, освен професионални заболувања,
  2. труење со храна кое за последица има смрт на осигуреникот;
  3. инфекција на повреда предизвикана со несреќен случај,
  4. труење поради вдишување на гасови или отровна пареа, со исклучок на професионални заболувања,
  5. изгореници со оган или електрицитет, со жежок предмет, течност или пареа, киселина, лужини и сл.
  6. давење и утопување.
  7. гушење или задушување поради затрупување (со земја, песок и сл.),
  8. прснување на мускули, исколчување, прснување на зглобните врски, кршење на здрави коски што ќе настане поради нагли телесни движења или ненадејни напрегнувања предизвикани со непредвиден надворешен настан, доколку тоа непосредно веднаш по повредата е утврдено во болница или друга здравствена установа,
  9. дејствување на светлина, сончеви зраци, температури или лошо време, ако осигуреникот бил изложен непосредно поради еден пред тоа настанат несреќен случај или се нашол во такви непредвидени околности што никако не можел да ги спречи, или бил изложен поради спасување на човечки живот,
  10. дејствување на рентгенски или радиумски зраци, ако настанат нагло и ненадејно, со исклучок на професионални заболувања.

Во случај на незгода или повреда, најмалку треба да се грижите за материјалните последици. Осигурете се себеси, своите најблиски и своите вработени со полиса за осигурување на лица од незгоди. Ова осигурување обезбедува материјална заштеда на граѓаните при настанување на несреќни случаи кои би предизвикале трајни последици по нивното здравје.