Вистинска одлука стабилна иднина

Мисли паметно…
ОСИГУРАЈ СЕ !!!

Патничко осигурување

Планирате одмор или патување? Уживајте безгрижно во сонцето, морето, снегот…со купена полиса за здравствено патничко осигурување !!!

Решение за да не ве изненади некоја непријатна ситуација кога патувате во странство, сами или со вашето семејство, е само патничкото осигурување или полиса, со која што се покриваат трошоците во случај на болест, повреда загуба на багаж или сообраќајна незгода при патување.

Со оваа полиса е овозможено лично осигурување од незгода, со што финансиски се заштитувате себе и своето семејство. Патничкото осигурување важи во целиот свет.

beach-lagguage

Полисата за патничко осигурување ги овозможува следниве осигурителни покритија низ целиот свет:

  • здравствена помош и осигурување
  • помош при патување и осигурување
  • осигурување од незгода
  • осигурување од спортска незгода (со доплаток на премија)
  • осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи

Осигурувањето може да се склучи само за лицето кое во моментот на потпишувањето на договорот се наоѓа на територијата на Р. Македонија и кое поседува валиден пасош во моментот на склучување на полисата за патничко осигурување.