Вистинска одлука стабилна иднина
Мисли паметно…
ОСИГУРАЈ СЕ !!!
Осигурување од одговорност
Кој работи….постои шанса и да погреши.
Да бидеме сигурни во нашата работа и да ја откупиме нашата одгвоорност при вршење на дејност !!!
Предмет на осигурување е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на ствари на трето лице. Со ова осигурување се покрива штета која настанала од Вашата дејност и активности и/или поседување на ствари и/или од Вашиот правен однос и/или од одредено својство како извор на опасност. Осигурувањето се склучува на сума на осигурување која ја претставува горната граница за надомест на штета по еден штетен настан.
![Liability insurance Liability insurance](https://naseosiguruvanje.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Liability-insurance.jpg)
Покрај неа постои и агрегатна сума на осигурување која ја претставува вкупната обврска на осигурувачот за целиот период на траење на осигурувањето и таа е предмет на договор. Изборот на сумата на осигурување е многу битен во овој случај, бидејќи истовремено претставува и износ до кој по претпоставка можат да бидат барањата за отштета на третите лица.
- Осигурување од одговорност ги опфаќа следните под класи:
- осигурување од одговорност на дејност,
- осигурување од одговорност на нотари,
- осигурување од одговорност на стечајни управници,
- осигурување од одговорност на ревизори,
- осигурување од одговорност на адвокати,
- осигурување од одговорност на лекари,
- осигурување од одговорност на противпожарни друштва,
- осигурување од одговорност на ветеринари, ветеринарни клиники.