Вистинска одлука стабилна иднина

Мисли паметно…
ОСИГУРАЈ СЕ !!!

Транспортно осигурување

Осигурувањето на стоки при транспорт опфаќа осигурување на сите пратки на стоки кои се превезуваат со туѓи или сопствени превозни средства.

 

Предмет на осигурување се штети причинети на стоката при :

  • сообраќајна незгода на превозното средство,
  • пожар или експлозија од вонредни надворешни причини,
  • елементарна непогода,
  • кражба,
  • оштетување на осигурените пратки за време на транспорт (вклучувајќи и натовар и претовар),
  • оштетување на амбалажата и др.

Општите услови за осигурување на пратки во домашен, меѓународен, копнен, речен, езерски и воздушен транспорт против сите ризици-AAR т.е.,клаузула А во поморскиот и комбинираниот транспорт и специјални услови за превоз на стока со камион

ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ СПОРЕД КЛАУЗУЛА AAR

    Штети поради физичка загуба или оштетувања на стока кои се настанати поради:

  • сообраќајна незгода;
  • виша сила (поплава,гром,луња,снежна лавина,лизгање на землиште идр.);
  • пожар,експлозија;
  • неиспорака;
  • делумна кражба и кражба на целата пратка;
  • штети од манифестиран транспортен ризик при превоз,натовар и растовар.

Не се покриени штети од:

  • природни мани и својства на стоката(кало, крш, растур, испарување и сл.);
  • груба небрежност на осигуреникот или лицата за кои тој одговара;
  • војна и штрајк, тероризам.

Со дополнителни премиски стапки и условите, може да се осигуруваат и :

  • Специјални ризици (расипување,смрзнување,надувување,угинување,кусок,кршење и др.)
  • Дополнителни ризици (предмети со тежина над 20 тони,истекување на масло кај трансформатори,складирање на пратки,пренесување на скапа опрема и предмети во посебни услови и др.).