Вистинска одлука стабилна иднина
Мисли паметно…
ОСИГУРАЈ СЕ !!!
Осигурување од Автомобилска одговорност
Со осигурувањето од автомобилска одговорност, сопственикот, односно корисникот на возилото,ја осигурува својата граѓанско-правна одговорност за штети што, со употреба на своето возило, по своја вина-одговорност ќе ги причини на трети лица.
Така, причинетата штета, до висина на осигурителното покритие,на оштетениот директно ќе му плати осигурувачот кај кој сопственикот на возилото ја осигурал својата одговорност, без право исплатениот износ да го рефендира од причинителот,освен во случаи предвидени со закон (непоседување на возачка дозвола, неосигурено возило и управување на возилото под дејство на алкохол).
Патнички возила со домашни таблички
Сила на моторот во KW | Бруто премија |
---|---|
До 22 KW | 4.301 |
Преку 22 – 33 KW | 5.136 |
Преку 33 – 44 KW | 5.971 |
Преку 44 – 55 KW | 6.869 |
Преку 55 – 66 KW | 7.768 |
Преку 66 – 84 KW | 8.988 |
Преку 84 – 110 KW | 10.721 |
Преку 110 KW | 12.968 |
Доплатоци:
1. Во зависност од возраста на договорувачот се применува следниот доплаток:
Возраст на договорувачот | Доплаток на премија |
---|---|
до 22 години | 15 % |
од 22 до 26 години | 10 % |
над 70 години | 15 % |
2. 30 % доплаток за такси возила (од 11.11.20002 не се прави)
3. 100 % доплаток за осигурување “рен-а-кар“ возила
4. 10 % доплаток за патнички и комби возила кои имаат над 5 седишта (покрај седиштето на возачот)
5. 10 % доплаток за патнички и комби возила наменети за превоз на товар
Попусти:
10 % попуст за воени инвалиди, трудови инвалиди, кои при купување на патнички автомобили имале право на намален данок. Овој попуст осигуреникот може да го има само на едно возило. Попуст може да се добие исклучиво на основа на соодветна писмена документација.
Online осигурување од Осигурително Брокерско Друштво
НАШЕ ОСИГУРУВАЊЕ А.Д.
Добиена лиценца од Министерство за финансии број 12-23704/2 од 27.07.2009 год.
ПРАШАЛНИК
за склучување на осигурување од “Авто одговорност” и “незгода на патници“
Ве молиме пополнете ги сите полиња. Одбележаните полиња со * се задолжителни! Ако имате потешкотии со пополнувањето или не Ви се јасни некои од неопходните податоци, слободно обратете се на телефон 033/270-211 или на 02 2469-716 за да Ви помогнеме при пополнувањето.
Осигурување од автомобилска одговорност-обврзно осигурување
Автомобилска одговорност ја осигурува својата граѓанско-правна одговорност за штети што, со употреба на сваоето возило, по своја вина одговорност, ќе ги причини на трети лица. Причинетата штета се однесува до висина на осигурената сума т.е осигурителното покритие на кој осигурителната компанија ќе му ја исплати на сопственикот на возилото на кого му е причинета штета не по негова вина освен (ако е под дејство на алкохол, да нема возачка дозвола или да возилото не е осигурено. Овој вид осигурување го прават сите осигурителни компании со различити лимити.
Зелена карта се издава врз основа на полиса издадена од трето лице од соодветна компанија.Зелената карта е замена за полисата А/О издадена за матична земја со важност за сите земји кои се членки наведени во полисата.