Skip to content
Вистинска одлука стабилна иднина

Мисли паметно…
ОСИГУРАЈ СЕ !!!

Осигурување од одговорност

Кој работи….постои шанса и да погреши.

Да бидеме сигурни во нашата работа и да ја откупиме нашата одгвоорност при вршење на дејност !!!

Предмет на осигурување е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на ствари на трето лице. Со ова осигурување се покрива штета која настанала од Вашата дејност и активности и/или поседување на ствари и/или од Вашиот правен однос и/или од одредено својство како извор на опасност. Осигурувањето се склучува на сума на осигурување која ја претставува горната граница за надомест на штета по еден штетен настан.

Liability insurance

Покрај неа постои и агрегатна сума на осигурување која ја претставува вкупната обврска на осигурувачот за целиот период на траење на осигурувањето и таа е предмет на договор. Изборот на сумата на осигурување е многу битен во овој случај, бидејќи истовремено претставува и износ до кој по претпоставка можат да бидат барањата за отштета на третите лица.

    Осигурување од одговорност ги опфаќа следните под класи:
  • осигурување од одговорност на дејност,
  • осигурување  од одговорност на нотари,
  • осигурување од одговорност на стечајни управници,
  • осигурување од одговорност на ревизори,
  • осигурување од одговорност на адвокати,
  • осигурување од одговорност на лекари, 
  • осигурување од одговорност на противпожарни друштва,
  • осигурување од одговорност на ветеринари, ветеринарни клиники.